Факт е дека многу познати дами не се двоумат да облечат нешто што ќе привлече внимание. Па со самото тоа, фустан кој ќе покрие само одредени делови од телото, па дури ниту тоа, е вистинскиот избор во кој ќе се појават.
Ви ги претставуваме топ 10-те „голи“ фустани по наш избор во 2022 година.
Лејди Викторија Херви
Британската аристократка во ноември на доделувањето на Британските модни награди се појави во краток црн кадифен фустан со шлицови на страна, но и длабоко деколте и голи раменици, кои ја истакнаа нејзината убава и витка фигура.
Бела Торн
Бела Торн, поранешната ѕвезда на Дизни, се појави на црвениот тепих на премиерата на филмот „Morbius“ во април во фустан кој беше дизајниран да создаде оптичка илузија која ги натера сите да помислат дека актерката пристигнала целосно гола.
Ким Кардашиан
View this post on Instagram
Ким на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се истакнува со својата фигура облечена во фустан со отворен грб.
Ешли Греам
View this post on Instagram
Овој пат таа го запали светот со разголениот фустан во кој навистина изгледа неверојатно, а кој е толку смел што ниту многу послаби дами не би се осмелиле да го облечат. Изборот паднал на долг фустан од црна, светкава, целосно проѕирна мрежа со необични ракави и качулка. Таа ја одбрала оваа комбинација за да го прослави роденденот на својата пријателка Тори Кели.
Наташа Поли
Во мај, во Кан, каде што се одржува хуманитарна вечера за време на филмскиот фестивал, Наташа се појави во долг црн фустан полузатворен напред, во кој ја истакна својата прекрасна фигура.
Синди Бруна
Познатата манекенка на филмскиот фестивал во Кан се појави и во долг црн елегантен фустан, кој беше исечен од вратот до колковите напред.
Џенифер Лопез
Џеј Ло во јуни се појави на црвениот тепих на светската премиера на филмот „Halftime“ на отворањето на фестивалот Tribeca во Њујорк.
Таа блескаше во смел црн фустан со проѕирни делови на градите и колковите.
Емили Кери
На европската премиера на филмот „House of the Dragon“ која се одржа во Амстердам, Емили се појави во зелен фустан со многу исечоци и низок струк.
Џулија Фокс
Холивудската актерка во септември се појави на престижната прослава на магазинот „Harper’s Bazaar“ во Њујорк, каде што облече краток, целосно проѕирен фустан со сребрени конци од материјал кој наликуваше на цврста, пластична кеса, што им даде на љубопитните јасен увид во тоа какви гаќи носи актерката, додека немала ниту градник на себе.
Ова нејзино издание воопшто не изненадува, бидејќи е позната по таквиот стил на облекување.
Кејт Мос
Познатата манекенка во ноември годинава се појави во многу ризичен фустан, на забава која таа ја организирала во престижен клуб.