Новинарката Барбара Волтерс починала на 94-годишна возраст

Американската новинарка Барбара Волтерс починала на 94-годишна возраст.
Беше водителка на бројни телевизиски емисии, меѓу кои: “The View”, “Today”, “20/20”, “ABC Evening News” и други. Во 1996 година, TV Guide ја ​​вклучи на листата на 50 најголеми ѕвезди на сите времиња. Во 2000 година, Националната академија за телевизиски уметности и науки и додели награда за животно дело.

„Барбара почина во својот дом опкружена со членови на семејството. Го живееше својот живот без каење. Беше пионерка на новинарството и пример на многу жени“, рекла менаџерката Синди Бергер.


Информации за нејзината смрт објави и Роберт Ајгер, директор на компанијата Волт Дизни.

„Имам тажна вест да споделам. Барбара Волтерс почина вечерва во својот дом во Њујорк“, напишал тој на својот Twitter профил.


Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …