Во Австралија ги нарекуват нови „кар-дашианс“ бидејќи мајката долги години била модел за автомобили, а сега по нејзини стапки тргнуваат и двете ќерки…
Натали Вардел има 45. години и изгледа одлично. Толку одлично што тешко може да ја разликувате по годините и од двете нејзини ќерки, Тамика (19) и Џезмин (21).
А една нивна заедничка фотографија направи вистинско раздвижување на социјалните мрежи. Таа стана позната и како илустрација за еден вид на “загатка” за тоа која е тука мајката?
Многумина безуспешно се обидуваа да дојдат до решението, но сепак не сите имаа успех.
А вистината е дека мајката Натали е русокосата дама којашто е на левата страна на фотографијата.
Судејќи според нејзиниот Instagram профил, Натали е физички исклучително атрактивна, а добрата форма ја одржува со редовно вежбање во теретана, па
така и нејзиниот одличен изглед е сосема очекуван резултат на сето тоа.
Сепак, не може да кажеме дека е лесно за една дама да се одржи во чекор со ќерките во светот на младоста. Но Натали е пример за мајка којашто изгледа поинаку. Токму затоа и не претставува никакво чудо што заедно со своите девојки таа станала вистинска интернет атракција.