(ФОТО) Кого природата го помазила? Познати ѕвезди фатени без грам шминка – Непрепознатливо се без помош на визажистите!

Додека некои само се ботоксираат и се обидуваат да се придржуваат кон трендот на младоста, други имаат „храброст“ да одат во јавноста без општо прифатеното средство за разубавување – шминка. И тоа е прекрасна слика што повремено sвездите ја испраќаат до јавноста. Иако беспрекорно и скапо негувани, тие исто така понекогаш излегуваат без фризура, со темни кругови оид очите или мозолчиња. Тоа не ги прави помалку гламурозни кога сакаат да изгледаат така. Но, не треба баш потполно да се „монтираат“ за прошетка, продавница или посета на докторот.


Кајли Џенер без ништо на лицето
Младиот могул за убавина Кајли Џенер ја фатиле без шминка. Многу поинаква слика на девојка од онаа што вообичаено ја гледаме на Инстаграм. Додуша, таа користела филери и разни третмани, но без шминка таа повеќе или помалку личи на која било друга девојка на нејзината возраст.


Лежерна Алесандра
На убавата поранешна манекенка Алесандра Амброзио не и треба шминка. Кога била фатена како шета низ Лос Ангелес лежерно облечена, без шминка и фризура – сфативме уште еднаш зошто толку долго одеше по пистата на Викторија Сикрет. Нема недостаток што треба да се прикрие, таа е природна убавица.



Ева Лонгорија со рацете полни со вреќи
Ева Лонгорија е исто така помалку – повеќе иста и без шминка. Таа покажа обично издание додека одеше кон автомобилот и рацете и беа полни со торби. Латината е природно убава жена и се чини дека старее многу убаво.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …