ДиЏеј Калид не си игра со коронавирусот…
Познатиот продуцент и диџеј излегол од куќата за прв пат по три и пол месеци за да го посети стоматологот, бидејќи повеќе не можел да ја поднесе болката. Но, за време на прошетката, тој не сакал да остави ништо на случајот, па затоа облекол заштитно одело и ја објавил фотографијата на Инстаграм.
„Играјте си ако сакате. Имам деца и не сакам да си играм. Прво излегување од дома за три и пол месеци“, напишал тој веднаш до фотографијата што ја споделил со своите 20,4 милиони следбеници.
И додека некои го задевале дека е премногу исплашен, други го нарекле одговорно. „Единствениот човек што сериозно ја сфати оваа пандемија“, „Луд си, но јас те поддржувам“, коментирале неговите фанови.
44-годишниот продуцент објавил фотографии и снимки од неговата посета на забар, а на Инстаграм се заблагодарил на ординацијата, откако му го извадиле нервот.