(ФОТО) Кога забременила не знаела чие дете носи: Познатата актерка на денот на венчавката била силувана од нејзиниот татко, а потоа останале во врска уште 10. години

Во својата исповед актерката ги открила шокантните детали од инцестуозната врска со нејзиниот татко
Една од најшокантните исповеди кај Опра Винфри секако е исповедта на актерката Мекензи Филипс (62) која признала дека таа и нејзиниот татко биле во инцестуозна врска цели 10. години.
Имено, нејзиниот татко починал 8. години пред нејзиното признание, по што биле скршени нејзините полусестри Чајна и Бижа, како и неговата вдовица.
„Кога нашата тајна беше откриена, сè излезе од контрола. Но, единственото нешто што навистина би го променила е како моето семејство да дознае. Требаше подобро да ги подготвам за излегување во јавност”, рекла американската актерка и пејачка.
Своето детство го опишала како турбулентно, а нејзиното признание дека и давал кокаин од 11. години, а дека биле во сексуална врска од 19. години, ја згрозила целата јавност. Врската завршила кога останала во друга состојба, а не знаела кој е таткото на детето, а потоа „Папа Џон“ и платил за абортусот.

Инаку, Мекензи во 2009 година открила една страшна тајна во книгата „High on Arrival“, во која напишала дека нејзиниот татко ја силувал кога имала 19. години, додека двајцата биле под дејство на дрога и алкохол. Во книгата напишала и дека татко и ја силувал ноќта пред нејзината венчавка и дека подоцна доброволно влегле во врска која траела десет години, до 1989. година кога забременила, а не била сигурна дали чека дете со нејзиниот татко или нејзиниот сопруг. Филипс платил за абортусот, а Мекензи открила дека после тоа не сакала никој да ја допира.
Мекензи долги години се борела со зависноста од дрога, но успеала да се извлече од се и да си го среди животот, а сега работи во центар за рехабилитација.



Оваа актерка се прослави во филмовите на Дизни „American Graffiti“, „One Day at a Time”… Татко и бил познатиот „Папа Џон“, музичар на еден од најпопуларните бендови од тоа време, „Мамас и Папас “, па така и таа влегла во светот на шоубизот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …