(ВИДЕО+ФОТО) „ДЕБЕЛО“ заработува од именување бебиња – цените на услугите одат и до 10.000 долари

Тејлор Хемфри од Њујорк е позната по тоа што заработува од нејзините „кумовски“ односи.
Оваа претприемачка има искуство во маркетинг и е фасцинирана од имињата на бебињата, а во 2015 година на памет и паднала конкретна идеја. Потоа започнала сопствен бизнис и отворила агенција за именување на бебиња. На агенцијата наречена „What’s In a Baby Name“ и оди повеќе од добро со години.

Родителите кои не можат да одлучат за име на своето дете, контактираат со Тејлор за консултација. Цените на услугите варираат од желбата на родителите, почнувајќи од 1.500 долари за телефонска консултација и правење список со имиња до истражување на генеалогијата на родителите и изборот на името на наследникот според нивното мислење, кое чини дури 10.000 долари.
„Мојата работа е да предложам листа на сопствени имиња врз основа на прашалник што родителите треба да го пополнат за заедничките преференции, важните интимни настани… Така, едно бебе го добило името Паркс затоа што нејзините родители се бакнале за прв пат во градот Паркер“, објаснила Тејлор.



Во текот на изминатата година, како што велиме во народот, речиси сто пати „била кума“, а заработила, како што вели, повеќе од 150.000 долари.
„Ми приоѓаат родители кои го чекаат своето трето или четврто дете и на кои очигледно им снемало идеи за имиња и едноставно се перфекционисти. Доколку не го изберат името што го понудив, бебињата често имаат две, од кои средното е обично мој избор“, истакнува Тејлор.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …