(ФОТО) Кети Пери и Орландо Блум ја потврдиле врската: Заедно кај папата Фрањо

Двојката на средбата со Светата столица имала црна облека, како што наложува ватиканскиот протокол.Пејачката и глумецот во2016. година објавија дека раскинале после две годишна врска…
„Ве поздравувам од Рим, поточно од Ватикан каде сум со мама, милиот и менаџерот. Денот е прекрасен а јас сум многу среќна што можам да бидам тука“ се пофалила Кети Пери (33) дека го запознала Папата и објавила слика и видео на социјалните мрежи.


Пејачката на средбата со Светата Столица го повела својот „стар нов“ дечко, глумецот Орландо Блум (41) и така конечно ги потврдила нагаѓањата дека повторно се заедно. Кети и Орландо во 2016. објавиле дека раскинале после две години врска, но и дека и’ понатаму се почитуваат.
Пери во Ватикан дошла службено, ќе говори за медитацијата на седмата конференција „Unite to Cure“ – годишна конференција на која угледни луѓе од разни подрачја на општественото делување дискутираат за тоа како најдобро да се искористи технологијата во служба на здравјето и промовирањето на здравствената заштита.
За време на тридневната конференција, Пери, кој е инаку една од петте најдобро платени изведувачки во светот, и Блум го запознале папата Фрањо, а и двајцата, како што наложуваат ватиканските протоколи носеле црна облека. Пери имала фустан и шешир со кус обод додека Орландо облекол црн костум.
Папата во својот говор на конференцијата ја нагласил важноста на првентивата во здравството и ги пофалил новите можности во лекувањето и сузбивањето на симптомите кај автоиуните, невролошки болести и ја истакнал важноста на превентивната медицина.

#love all smiles saturday ❤️


A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom) on

Изведувачката на хитовите „I Kissed A girl“, „Hot N cold“ и „California Gurls“ родителите ја воспитале во христијанска вера,а во детството одела во евангелиска црква. Блум од својата 16.година се изјаснува како будист.

„Повторно се заедно. Кети сака работите овојпат да функционираат како што треба“ истакнал неодамна пријател на пејачката. „Ново стариот“ пар одлучил врската да не ја изложува во јавност и дека ќе се концентрираат на се што не функционирало. Имено, во минатото си ги коментирале објавите на социјалните мрежи а и фотографите „ги уловиле“ на годишниот одмор во Италија во 2016. година кога Блум, потполно гол,ја „возел“ Пери на даска за срфање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …