(ФОТО) Авици извршил самоубиство и тоа го направил на ужасен начин!

Познатиот диџеј Авици извршил самоубиство, а како што пишува TMZ, се исекол со скршено стакло.
Повеќе избори кои се запознаени со околностите на смртта на шведскиот диџеј Тим Берлинг тврдат дека самиот си го одземал животот, на што неговите родители и пријатели алудирале минатата недела.
Дури три извори за TMZ тврдат дека Авици скршил шише од вино и со парче стакло си нанел фатална повреда. Два извори тврдат дека повредата била на вратот, додека третиот извор тврди дека била на вените над шаката.
28. годишниот диџеј е пронајден мртов на 20. април во Оман. Со години се борел со зависноста, а неговите пријатели го предупредувале дека таквиот животен стил ќе го убие.
Неговото семејство издало соопштение во кое пишувало дека „повеќе не може“ и дека сакал „да пронајде мир“, поради што бројни светски медиуми веднаш почнале да нагаѓаат дека станува збор за самоубиство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …