Ќерката на славниот глумец Џеки Чен е бездомничка и со девојката, инфлуенцерка Енди Оутумн, живее под мост.
Ета Нг Чок Лам минатата недела објавила видео во кое тврди дека е бездомничка благодарение на своите „хомофобни родители“ и дека живее во страв од разделување од Оутумн.
„Здраво, јас сум ќерка на Џеки Чен и ова е мојата девојка Енди. Веќе еден месец сме бездомнички благодарение на хомофобните родители. Спиеме под мост и ги минуваме истите рботи како и сите бездомници“ прочитала од лист хартија 19. годишната Ета.
Младите девојки тврдат дека се исфрлени на улица поради својата љубовна врска, а во државните засолништа во Хонг Конг не се приближуваат од страв дека ќе ги разделат.
Џеки Чен ќерката Ета ја добил за време на кусата афера со нејзината мајка Елин Нг Ји-Леи, а нивната врска ја нарекол „страшна грешка“.
Ета со таткото немала никаков контакт, а своевремено изјавила дека додека има мајка, татко не и треба.