(ФОТО) После три совршени изданија во еден ден Блејк Лавли го избришала профилот на Инстаграм!

Блејк Лавли за Инстаграм позирала во дури три различни стајлинзи, од кои секој бил уште подобар од претходниот, и повторно докажала дека е една од најдобро облечените дами во Холивуд.
Прво позирака во полупрозирен фустан на точки од најновата колекција на модната куќа Zimmerman за следната есен кој го искомбинирала со Лобоутинки од винил со розев шпиц и лилакова штикла. Глумицата за фотката се завртела и ги покажала сите убавини на фустанот со раскошна кринолина, како и отворениот грб.
Потоа „скокнала“ во уште еден прекрасен фустан, овој пат со шари од цвеќе и со потпис на дизајнерот Михаел Корс. Кога станува збор за чевлите останала верна на истиот дизајнер, само што избрала потполно прозирен модел.
Црниот цветен фустан кој во горниот дел е тесен и нагло се шири од колковите Блејк го потполнила со каиш во леопард шара кој ќе го забележите само ако малку подобро се загледате и така додполнително го нагласила својот тенок струк и вит фигура.А, после два фантастични фустани влегла во панталони и повторно воодушевила.
Во сиво од глава до петици, Блејк искомбинирала едноставна маичка, палто и фини панталони и на се’ додала светкави сандали во тренди нијанса на лаванда и со златна штикла кои одлично го разбиле сивилото и нејзиниот аутфит го кренале на ново ниво. И нејзините сандали ги потпишува францускиот гуру за чевли Christian Louboutin.

Блејк Лавли ја избришала секоја фотографија од нејзиниот профил на Инстаграм. Нема ништо, нула. Тоа е тоа.
Нејзиниот профил беше следен од 20,4 милиони следбеници а сега има само 24 луѓе, сите наречени со името „Емили Нелсон“.
Нејзиниот Инстаграм профил има една страшна реченица:„Што се случи со Емили?“
Дали таа и Рајан Рејнолдс прекинале и таа не сака да се потсетува на нивниот прекрасен (во фотографии) живот заедно? Дали Блејк е хакирана? Можно од некој под името Емили Нелсон.
Сето ова делува многу чудно.
Можеби овој потег на Инстаграм е дел од виралната кампања за нејзиниот надоаѓачки трилер „A Simple Favor“ во кој 30. годишната актерка игра со Линда Карделини и Ан Кедрик.
Филмот е режиран од Фил Фиг, кој исто така ги потпишува и „Bridesmaids“, „Spy and Ghostbusters“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …