(ФОТО) ЌЕ БИДЕ АВТЕНТИЧНО – Бред Пит ќе снима филм за Формула 1 за време на тркачките викенди во 2023 година

Благодарение на успехот на серијата на Нетфликс „Формула 1: Возете за да преживеете“, најбрзиот циркус во светот привлече многу нови фанови, а истиот ефект треба да го има и претстојниот филм.

This image has an empty alt attribute; its file name is bred-pit-i-formula-3-jpg.jpg
Веќе е познато дека Кијану Ривс работи на документарен филм за Формула 1, односно за тоа како Браун ГП му овозможил на Џенсон Батон да ја освои својата единствена титула светски шампион, но тоа не е се, бидејќи работи и неговиот колега, актерот Бред Пит,исто така работи на филм во соработка со седумкратниот шампион во Ф1, Луис Хамилтон.
Пит беше на патеката во Остин изминатиов викенд за Големата награда на САД, со цел да го запознае светот на Ф1 и да стекне нови искуства.



Сепак, сега директорот на Формула 1, Стефано Доменикали, открил дека Пит и остатокот од екипата ќе го снимаат филмот за време на тркачките викенди следната година. Тоа ќе се случи во вториот дел од 2023 година, а вистинските возачи и нивните тимови ќе бидат дел од акцијата.
Доменикали рекол дека верува оти филмот ќе помогне во растот на спортот и ќе овозможи подлабоко истражување. Доза на автентичност секако ќе обезбеди Хамилтон, кој игра важна улога во проектот како продуцент.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …