(ВИДЕО+ФОТО) И’ КАЈТ ЕДНАШ ГИ ИЗГУБИЛА НЕРВИТЕ, А ЕЛИЗАБЕТА ЈАВНО ГО ИСКАРАЛА ВИЛИЈАМ: Сите испади на членовите на КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО! А тој и ПЦУЕЛ!

Во јавноста, членовите на кралското семејство обично се слика и прилика на совршено исполирано однесување и оставаат совршен впечаток. Речиси секогаш се учтиви, професионални и фокусирани на задачата која треба да ја завршат, без разлика дали станува збор за откривање споменици, отворање болници или дружење со нивните поданици. Меѓутоа, бидејќи тие се само луѓе, и тие, додуша, во ретки моменти се карактеризираат со покажување на своите вистински чувства, а јасно е дека не се секогаш добро расположени.
Од кралот Чарлс до речиси секогаш совршената Кејт Мидлтон, речиси секој член на британското кралско семејство е „фатен“ како ги губи нервите, а еве како тоа изгледало.

Чарлс и пенкалото
Кога кралот Чарлс, по долги години чекање, конечно се искачи на британскиот трон, очите на целиот свет беа вперени во него.


Чарлс повеќето од задачите ги извршувал совесно и со совршена изведба, што веројатно не му било лесно, бидејќи штотуку ја изгубил мајка си, но на многумина им паднале во очи и неколку комични моменти кога имал проблеми со пенкалата.
Тој ги загубил нервите додека се потпишувал во книгата за посетители за време на посетата на замокот Хилсборо во Северна Ирска кога мастилото од неговото пенкало истекло на неговите раце.
„Го мразам ова“, рекол тој. Иако успеал да ги избрише рацете, било јасно дека е многу фрустриран од ситуацијата, а додека заминувал се слушнало како вели: ‘Не можам да го поднесам ова проклето нешто, секој глупав пат’“.
Меѓутоа, подоцна и самиот се пошегувал на сметка на пенкалото, па кога една жена му донела едно на подарок, веднаш ѝ го предал пенкалото на Камила со коментар: „Овие работи се многу несигурни“.


Намуртената Кејт Мидлтон
За време на повеќето нејзини јавни настапи, Кејт е олицетворение на симпатичноста и радоста, а насмевката никогаш не ѝ слегува од лицето. Сепак, фотографиите од нејзината и посетата на Вилијам во Полска, на кои се гледа дека Кејт е нерасположена, па дури и намуртена кон својот сопруг, докажуваат дека таа понекогаш станува „на левата нога“.

This image has an empty alt attribute; its file name is kejt-midlton.jpg


Само неколку часа претходно таа весело се смешкала при посетата на претседателската палата, па не е јасно што ја налутило во меѓувреме.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …