Изведба на балетската претстава „Рајмонда“ од Александар Глазунов 29.10.2022 и 1.11.2022


Националната опера и балет, ви најавува двојна изведба на еден од бисерите на балетската уметност, раскошната балетска класика „Рајмонда“ од Александар Глазунов ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 29 октомври 2022 и на 1 ноември со почеток во 20.00 часот. Безвременски балет кој е израз на целосната убавина на класичниот танц.
Диригент на претставата е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко од Украина. Прекрасните костими и спектакуларната сценографија се на гостите од Украина, Гана Ипатиева и Андреј Злобин.
Во главните улоги ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Мими Поп Алексова Атанасовска, Балаж Лочеи (Унгарија), Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Абдурахман: Васил Чичиашвили (Грузија).
Настапуваат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
„Рајмонда“ е балет во два чина. Светската премиера е одржана во Маринскиот театар во Санкт Петербург, во јануари, 1898 година. Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на Романтизмот. Во драмите (приказните) на овој уметнички правец доминираат темите за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството и честа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Деца на светот“ – Тажна Комедија која ја обработува емотивната тема за децата кои заминале во светот и нема да се вратат никогаш

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Театарот „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе биде …