(ФОТО) Кавалер: Рускиот претседател со цвеќе изненадил една дама!

Може да му замеруваат на многу нешта но не и на неговиот ПР тим кој секоја година пред новогодишните па и други верски празници на својот лидер му подготвува специјални средби…Покрај средбите и исполнувањето на жебите на болни деца во Русија, Владимир Путин изненадил и една дама, легенда на кутлурата во Русија…

Рускиот претседатели Владимир Путин и го честитал 85. роденден на Галина Волчак, уметничка директорка на Современиот театар во Москва. Путин на Галина и донел букет цвеќе што неа посебно ја воодушевило.


Од рускиот лидер ја добила и’ книгата „Историја на рускиот театар“ и слика која ја покажува зградата на нејзиниот театар.


„Ова е пригода кога се сумираат резултатите но и да Ви упатиме зборови на благодарност за вашиот придонес за националната култура и советскиот театар“, рекол Путин.
Тој додал дека отворањето на историската сцена на овој театар после три години реновирање бил прекрасен подарок за Галина.


Путин и Галина срдечно разговарале и ужинале, а на многумина не им останал незабележан моментот дека рускиот претседател се однесувал како вистински џентлмен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …