(ФОТО) КАМЕРОН ДИЈАЗ НА 47. ГОДИНИ ДОБИЛА ДЕВОЈЧЕ: Глумицата долго криела од јавноста а сега напишала емотивна порака!

Камерон Дијаз на 47-годишна возраст со долгогодишниот партнер, Бенџи Маден, добила ќерка.
Таа ги потврди добрите вести на Инстаграм, а од јавноста долго криела дали се породила.
“Среќна Нова Година од Маденсови! Ние сме толку среќни, благодарни и благословени на почетокот на новата деценија – ја добивме нашата ќерка Редикс Маден. Таа веднаш ги освои нашите срца и го пополни нашето семејство. Додека ние сме возбудени да го споделиме ова со вас, исто така ве молиме да имате разбирање за приватноста на нашето малечко девојче. Така што нема да објавуваме слики и да споделиме повеќе детали, освен фактот дека таа е многу, многу слатка“, напишала Камерон.


View this post on Instagram

❤️❤️❤️ @benjaminmadden


A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz) on


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …