(ФОТО) „Грдата Бети“ се пофалила: Го чека своето второ дете!

Америка Ферера се прослави со главната улога во серијата „Грдата Бети“, а добитничка е и на Златен глобус. Актерскиот пар се венчал во 2011. година, во 2018. година го добиле синчето Себастијан, а во 2020. очекуваат принова…

Американската глумица Америка Ферера (35) на социјалните мрежи ја соопштила радосната вест дека со глумецот Рајан Пирс Вилијамс (38) го очекува доаѓањето на нивното второ дете. Ферера објавила фотографија со семејството на која јасно се гледа заоблениот труднички стомак.


View this post on Instagram


Welcoming Baby #2 in 2020! 🥰 Happy New Year from our wild & growing bunch. Pic by @mnp_elpaso

A post shared by America Ferrera (@americaferrera) on


„Во 2020 го дочекуваме бебето број 2! Среќна Нова година на сите од нашиот див и растечки чопор“, напишала глумицата и заработила многубројни честитки.
Ферера се прославила со главната улога во серијата „Грдата Бети“,а добитничка е и на Златен глобус. Актерскиот пар се венчал во 2011. година, во 2018. година го добиле синчето Себастијан кој, како што велат родителите многу се радува на приновата.
„Има многу работи на кои се радуваме во 2020. година, но оваа малечка работа најмногу се истакнува. Едвај чекаме да дочекаме уште едно прекрасно суштество на овој свет. Среќнави Нова година“, се пофалил на Инстаграм гордиот татко.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …