ЗА ЕДНА ГОДИНА, БЕЗ НИКАКОВ НАПОР, ЗАШТЕДИЛА 500 ЕВРА: „Тато ми ми’ го покажа овој ТРИК, почнете и вие од ЈАНУАРИ!

Една Британка објавила како неосетно успеала да заштеди скоро 400 фунти (околу 30,000 денари),за една година, со едноставен трик што го научила од нејзиниот татко.
Ерин Омера од Сари се обидувала да го најде најлесниот начин да заштеди за депозит во куќа, кога се сетила на тедна цака што нејзиниот татко ја користел целиот свој живот.
„Татко ми го правеше истото кога бев малечка, што значи дека тој секогаш ги проверуваше парите и бараше парички од две фунти. Секој 1 јануари ќе започнеше одново, ќе ја одделеше корпата и ќе ја полнеше цела година само со овие монети. Тој ја испразни корпата кон средината на декември“, изјавила Ерин за британските медиуми.
Така и таа одлучила да го направи истиот трик и во текот на целата година и за 12 месеци да заштеди 386 фунти.
„Кога ја отворив корпата, се запрепастив. Секако, требаше многу волја да не ја отворам во текот на годината и да не земам за бензин или нешто друго но веднаш штом ќе паднев во искушение, ќе се сетев дека сè уште сакам моја куќа“, вели Ерин, која е толку воодушевена од резултатите што планира да започне уште порадикално оваа година.

„Оваа година ќе ставам и монети од една фунта во корпата. На сите кои бараат некој едноставен метод на заштеда, го препорачувам ова затоа што е нечосетно а на крајот се собираат сериозни пари. И тоа чувство на адреналин кога ќе видите колку сте заштедиле  за 12 месеци е бесценето“, заклучува Ерин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …