(ФОТО) Јелена Ѓоковиќ по прв пат проговорила откако на Новак му беше забранет влез во Австралија

НАЈДОБРИОТ тенисер Новак Ѓоковиќ заврши во карантинско сместување во хотел во Мелбурн, откако му беше забранет влез во Австралија. Српскиот тенисер не е вакциниран против коронавирусот, кој е обврска за влез во Австралија. Тој се обидел да влезе во земјата со докази дека не може да ја прими вакцината, но Австралијците не ги прифатиле.
Ѓоковиќ ја обжали одлуката на австралиските власти и ќе чека судска одлука во хотелот „Парк Ројал“. Пред хотелот има српски навивачи кои го бодрат, пуштаат музика и му скандираат со српски знамиња. Двајца навивачи вчера беа уапсени бидејќи се качиле на хотелот.
Сопругата на Новак, Јелена, по целиот хаос за прв пат се огласи за православен Божиќ.

„Среќен Божиќ на сите што го слават денес!Мир Божји!Сакам сите да бидат здрави,среќни,безбедни и заедно со своите семејства.И јас би сакала и моите да бидат заедно денес, но утеха ми е што сме барем здрави И ние ќе израснеме од ова искуство.
Ви благодарам, драги луѓе ширум светот, што испративте љубов и поддршка до мојот сопруг. Длабоко дишам за да се смирам, најдам благодарност и разбирање за се што се случува. Единствениот закон што сите треба да го почитуваме, без разлика каде сме, е љубовта и почитта кон другите луѓе. Љубовта и простувањето никогаш не се грешка, туку моќна сила“, напишала Јелена.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …