(ВИДЕО) Мајките ширум светот зборуваат за говорот: Дијана едвај ги задржувала солзите

Дијана Ѓоковиќ, мајката на најдобриот тенисер на денешницата, испратила порака на англиски јазик до цела планета. Секоја мајка на светот ја почувствувала нејзината емотивна порака.
„Разговарав со него пред неколку часа… Тој рече дека е добро, не разговаравме многу, но разговаравме неколку минути и тој се обидел да спие, но не можел. Како мајка, што да кажам, можете само да замислите како се чувствувам. Страшно… Од вчера, последните 24. часа го држат како затвореник, едноставно не е фер, не е човечки. Се надевам дека ќе биде силен, како што ние се трудиме да бидеме силни, да му дадеме енергија. Се надевам дека ќе победи“, изјавила Дијана.

This image has an empty alt attribute; its file name is novak-so-roditelite.jpeg


Потоа зборувала за сместувањето на Новак.
„Грозно е, хотел за имиграција, ако е воопшто хотел… Бањата е валкана, што да кажам, не сакаат да му дадат шанса да оди во подобар хотел или во куќата што веќе ја изнајмил, но се надеваме дека некако ќе успее“, рекла Дијана, а потоа длабоко вдишала како да сакала да ги задржи солзите.
Така Новак сосема неправедно и неочекувано се најде на испит на кариерата. Наместо да се бори за рекорд во Мелбурн, тој во далечната Австралија се бори за слобода и правда.
Еден син минува низ вистинска агонија, а една мајка не може да направи ништо повеќе од ова. Барем засега.


Фото: nova.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Државниот ансамбл на албански народни ора и песни гостува во Кралството Јордан

Државниот ансамбл на албански народни ора и песни, на покана на властите од областа Акаба, …