(ФОТО) ЈА СПУШТИЛ НА ЗЕМЈА – ГЛУМЕЦ И ОБОЖАВАТЕЛКА ЖЕСТОКО СЕ ИСПОКАРАЛЕ: На Твитер напишала дека е БЕЗОБРАЗЕН а тој БРУТАЛНО И ОДГОВОРИЛ – Сите застанале на негова страна а еве и зошто!

Актерот Тери Круз е претежно љубезен кон своите обожаватели, поради што многумина биле изненадени од објавата на една обожавателка која тврди дека бил безобразенкон неа, но веројатно не толку колку што била изненадена од неговиот одговор со кој ја спуштил на земја.


„Мислам дека најстрашната работа што се случи во текот на вчерашниот ден на хоророт беше Тери Круз, кој кога го прашав дали ќе се фотографира со мене, искрено одговори:„ Ух, не“, Напишала таа.

Наскоро актерот и’ одговорил.


„Не, најстрашната работа беше кога те видов како грубо како зомби се туркаш преку моите деца само за да бараш слика“, напишал тој.
По неговиот одговор, многу корисници на Твитер ја зазеле неговата страна.
„Ако Тери Круз те откачи, време е добро да се преиспиташ“.

„Браво што се зазеде за себе. Премногу луѓе кон славните се однесуваат како да не се луѓе“.

Ерика на крајот морала да се извини, а открила и дека добила бројни пораки одс „хејтерите“.
„Не очекував да добијам толку многу негативност и омраза поради оваа објава. Јас сум огромен обожавател на Тери Круз и никогаш не би го навредила него или неговото семејство“, напишала таа.

Екран.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …