(ФОТО) Ја обвинил дека го изневерува бидејќи детето не личи на него: Вистината излегла на виделина после 38. години

Аљона Романова од Сибир пораснала слушајќи гласини дека нејзината мајка го изневерувала нејзиниот сопруг, откако селаните рекле дека таа не личи на нејзиниот татко.
Но, по 38. години, се покажало дека таа, заедно со Ѓулсина Кудрјакова, била воспитана од погрешни родители.
Откритието го шокирало семејството на Алјона, особено кога дознале дека нивното биолошко дете им било одземено откако лекарите во советската болница погрешно ги означиле новороденчињата во 1982. година.

This image has an empty alt attribute; its file name is stara-vistina-1-jpg.jpg


Алјона и Ѓулсина како деца
Алјона изјавила за The Sun дека жената што ја воспитала се соочила со бескраен потсмев, дури и од сопствениот сопруг, обвинувајќи ја дека спиела со други мажи.
Инаку, таа има изразито азиски карактеристики како многу луѓе во планинската сибирска република Тува, но нејзините родители се со словенско потекло.
Нејзината мајка Василија решила да го отфрли сомнежот и се јавила во емисијата ДНК на рускиот канал НТВ.
„Кога ги слушнав резултатите од тестот, почувствував огромно олеснување, се расплакав“, изјавила Алјона.
Меѓутоа, пред овој тест, Алјона и Ѓулсина, девојчиња кои биле заменети при раѓање, првпат се сретнале на 13-годишна возраст, откако таткото на Алјона еден ден ја посетил болницата и дознал дека во соседното село има дете кое многу личи на него.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …