(ФОТО) Има 71. година а изгледа како девојче!

Вера Ванг, познатата дизајнерка чии креации ги обожаваат и холивудските sвезди, вчера наполни 71. година. Иако е во својата осма деценија од животот, Ванг изгледа како мало девојче.
Оваа дизајнерка се прослави со нејзините венчаници како од бајките за кои невести од целиот свет сонуваат, а неодамна, се чини, таа ја доби и титулата најинфлуенцерка на Инстаграм.


Имено, од почетокот на карантинскиот период, Вера е во вила во Мајами со својот моден тим, а како што откри за Women’s Health,, сите тие се во одлична форма што ја натерало и самата да започне да вежба.


View this post on Instagram


My #PRIDE 🏳️‍🌈 athleisure look 🏃🏻‍♀️🖤 Sunnies = Simply Vera @Kohls Rings = Vera Wang LOVE Collection @ZalesJewelers

A post shared by VERA WANG (@verawanggang) on


Се чини дека не и треба многу вежбање затоа што фотографиите што ги објавува на Инстаграм во последните неколку месеци едноставно воодушевуваат. Тие јасно покажуваат дека оваа 71-годишна дизајнерка има „плочки“ на стомакот, кожа како девојче и нозе без грам целулит на кој дури и 20-годишници можат да завидуваат.

Ванг долги години професионално се бавела со уметничко лизгање, а сега сè уште претпочита да игра голф во луксузни клубови во земјата. Ванг стана главна атракција на социјалните мрежи поради нејзините фотографии бидејќи многу девојки, па дури и девојчиња го ‘рекреираат’ нејзиниот изглед кој гордо го објавува на својот профил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …