(ФОТО) Илон Маск и „Игри на престолите“:Твит кој привлекол внимание

Сопственикот на компаниите Тесла и Спејс Икс во јавноста често излегува со своите нови идеи кои планира да ги спроведе во дело. Овојпат неговата објава, се чини, привлекла, уште поголемо внимание на јавноста.
Имено, Маск на својот Твитер профил објавил дека гради киборг змеј.
„Правам киборг змеј“ напишал Маск.


Иако многумина веруваат дека станува збор за шега,ги има и оние кои истакнуват дека овој бизнисмен е сериозен.
Како на овој твит реагирале бројни корисници на социјалните мрежи, меѓу нив се нашле и администраторите на официјалната страница на серијата „Игри на престолите“.
„Клекни пред куќата Таргаријан“, напишале во коментарот.

„Немојте да ме терате да ги употребам своите вселенски ласери“ не им останал должен Маск.
Какви се неговите планови сеуште не е познато.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …