Членовите на славната шведска група Аба (АББА) денес соопштиле дека снимиле нов материјал,првпат после 35. години.
Тие снимиле две нови песни, од кои една се вика „Сеуште верувам во тебе“ (“I Still Have Faith in You“).
Тоа преку официјалниот профил на Инстаграм го соопштиле членовите на славната четворка – Бени Андерсон,Бјорн Улвеус, Ани-Фрид Лингстад и Агнета Фалтског.
Аба во седумдесеттите години на минатиот век имала големи хитови како што се „Ватерло“, „Денсинг квин“ и други пред да се разидат во 1982. година.
Членовите на бендот навеле дека повторно влегле во студио и се собрале за да ја планираат виртуелната турнеја и дигиталните аватари, како и дека тоа било исклучително радосно искуство.
За неколку дена, во мај, во Стокхолм, Шведска, ќе биде отворен нивниот „АББА“ музеј…