По двете девојки кои се јавија за нивните врски, и себепромовирајќи се, како што ги оценија обожавателите на Авици, се јави и  неговата вистинска љубов…манекенката Тереза Кацерова.

Засег нема никакви рекции на обемните објави на Тереза на нејзиниот профил ан Инстаграм, потврдувајќи дека нивната љубов била голема тајна бидејќи сакале да ја сочуваат интимата. Но, во едно видео Тереза ставила многу заеднички фотографии од неа и Авици, како и нејзиниот син кому познатиот диџеј му бил очув…


И, според онаа познатата „фотографија кажува повеќе од 1.000 зборови“ може да се протолкува и ова видео во кое се сместени најинтимните моменти помеѓу Авици, Тереза  и малечкиот Лукас.

The brightest stars burn out the fastest.


A post shared by Tereza Kačerová (@terezakacerova) on


Се работи за Тереза Качерова која по професија е модел со која Авичи бил во голема љубов – но тајна.

❤️ Part 1/2

A post shared by Tereza Kačerová (@terezakacerova) on

Тереза на Инстаграм ги шокирала сите откако објавила обемно отворено писмо во кое открива дека со Авичи планирале заеднички деца . Таа во писмото пишува и за времето кое го поминале заедно, како и тоа дека тој му бил очув на нејзиниот син Лукас.

❤️ Part 2/2 *** NOTE: Mexican Coke = Coca Cola obviously. ***

A post shared by Tereza Kačerová (@terezakacerova) on

„Драг Авичи овие денови ги поминав обидувајќи се да се разбудам и чекајќи некој да ми одговори дека ова е шега и грозна грешка. Мислам дека сега знам дека веќе никогаш нема да те видам“, пишува Тереза во дел од писмото.

Таа во писмото вели и дека била посветена целиот период нивната љубов да ја држи во тајност бидејќи сакала да биде само нивна и никој да не учествува во нивната авантура.

„Те нарекував бебенце, ангел…Последните твои зборови што ми ги изговори беа ’те сакам’ и тоа дека сакаш мексиканска кока кола…“