Харви Вајнштајн е повторно во центарот на вниманието на Холивуд, но овојпат нема да се наоѓа зад камерите…
Продуцентската куќа на Бред Пит, „План Б“ ќе ги откупи правата на приказната на „Њујорк Тајмс“ за исповедите на Џони Кантор и Меган Тухеј кои први проговориле за сексуалното злоставување кое подоцна покренало лавина од исповеди и се дошло до бројката од 100 жени.
Филмот помалку ќе се фокусира на неговите жртви а повеќе на процесот на сексуалното злоставување, односно, неговите лажни ветувања, но и наведнати глави на новинарите кои одбивале да пишуваат за тоа.
Инаку, Бред Пит соработувал со Вајнштајн во 2009. година на филмот „Inglorious Basterds“ и во 2012. на филмот „Killing Them Softly“. Исто така, 54 годишниот глумец се забавувал и’ со Гвинет Палтроу која изјавила дека Вајнштајн ја вознемирувал кога имала само 22. години, поточно од 1994. до 1997. година.
Некогаш глумел во неговите филмови а денес прави филм за него!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.