Принцот и принцезата од Велс избраа семејна фотографија направена за време на семејна прошетка по селскиот имот како слика за овогодинешната официјална божиќна честитка.
И’ додека светот го чека вториот дел од документарниот филм за Хари и Меган, кој го потресе светот и се уште се зборува за него, британското кралско семејство објави божиќна честитка, а на нив – среќните и весели Вилијам и Кејт со нивните деца принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
View this post on Instagram
На фотографијата за овогодинешната празнична честитка, членовите на семејството се насмеани во рурален амбиент, а семејниот портрет го направил фотографот Мет Портео.
Во лежерни изданија Вилијам и Кејт ги држат за раце своите деца, а токму малечките ги украдоа срцата на целата нација.
Фото: Принтскрин/Instagram