(ВИДЕО) Во руски ски-центар се отворила „портата на пеколот“, жителите морале да се преселат

Голема дупка во земјата широка 30 метри се отворила во близина на популарниот ски-центар Шерегеш во Русија, во рудникот за железо.
Воздушните снимки покажуваат џиновска дупка која се формира во близина на автопатот и куќите. Друго видео снимено од земја покажува автомобили кои после уривањето поминуваат покрај неа.
Една куќа се клатела токму на работ на бездната, откривајќи колку навистина е голема дупката.
„Слегнувањето на површината на земјата во границите на рударската парцела беше предвидливо. Жителите на куќите бр. 14, 16, 18 и 20 на улицата Первомајскаја беа преместени пред уривањето“, рекол портпаролот на округот Таштагол и додал дека работата во рудникот е прекината.


Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …