Напиток кој спречува настинки, полн со железо и бакар: Ја ублажува главоболката

Јелена Ѓоковиќ сподели со своите следбеници кој е еден од нејзините омилени зимски пијалоци, а станува збор за чајот од куркума.
Придобивките од овој напиток се многубројни, а пред се е одличен за зајакнување на имунитетот и заштита од настинки. Чајот од куркума е богат со витамини, минерали и други корисни соединенија, првенствено куркумин, кој е моќен антиоксиданс, како и со манган, железо и бакар.
Овој чај има и антиинфламаторни својства, може да го смири воспалението и да помогне во лекување и превенција на хронични воспалителни болести. Исто така ги смирува болките во грлото и има антибактериски, антимикробни и антивирусни својства.
Одличен е и за кожата, особено за акните, а добар е и за концентрација и ослободување од главоболка.
Сопругата на најдобриот српски тенисер и директор на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ во една прилика открила дека покрај чај често консумира и смути во секојдневниот живот.

Новак и Јелена, имено, денот го започнуваат со млака вода со малку сок од лимон, а првиот оброк најчесто им е смути. Во овие кашести сокови може да се додадат различни здрави намирници – од семки или нивни никулци, до лековити зачини како куркума или ѓумбир.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …