(ФОТО) ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Илон Маск е снимен во шорцеви за капење додека се релаксирал на јахта, а потоа го исмевале поради неговиот изглед

Илон Маск бил фотографиран за време на неговиот одмор во Грција додека се сончал на јахта и пливал во море, но неговото појавување во шорцеви за капење предизвикало лавина коментари и шеги на негова сметка, а многумина го исмеваат поради бледиот тен.
Извршниот директор на Tesla и Space X претходно беше снимен како се забавува со пријателите на Zeus, моторна јахта од речиси 20.000 долари.
Сепак, најмногу внимание привлекоа токму неговите фотографии од костимите за капење.
Маск бил фотографиран без кошула како се сонча на луксузна јахта во Миконос, Грција, а неговата појава предизвикала лавина коментари.


Поради екстремно белиот тен, Илон станал предмет на потсмев, а во низа твитови корисниците на оваа социјална мрежа го споредиле со Каспер, снешко, па дури и варено пилешко.

Низа мемиња објавени на Твитер стигнале и до Маск, а тој на еден од коментарите одговорил: „Можеби треба почесто да ја соблекувам кошулата“.

За потсетување, Маск замина на одмор откако компанијата Твитер го тужеше минатата недела за да го принуди американскиот суд да го прекине преземањето на гигантот од социјалните мрежи за 44. милијарди долари, после се’ почестите шпекулации дека нема да дојде до договор.
Маск поднесе жалба во петокот, спротивставувајќи се на претходно споменатото барање на Твитер.
„Ненадејното барање на Твитер по два месеци ‘продажба на магла’ е најновата тактика за доволно долго да се сокрие вистината за спам сметките“, истакнал меѓу другото Маск.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …