(ВИДЕО) Брус Вилис по 34. години го прекршил ветувањето!

Брус Вилис ја прослави 34-годишнината од првиот филм од серијата „Умри машки“ (1988), во кој го играше детективот Џон Меклејн, со посета на облакодерот „Фокс Плаза“ во Лос Анџелес.
Тој облакодер во филмот служел како локација за деловната зграда „Накатоми Плаза“. Со оваа посета Вилис го прекрши ветувањето на Меклејн во филмот, кој рече дека „не би помислил повторно да се искачи на толку висока зграда“.
Снимката од актерот како се потпира на оградата на врвот на облакодер, ја сподели на Инстаграм неговата сопруга Ема Хеминг Вилис.

На крајот на март оваа година, Брус Вилис објави дека го напушта актерството поради афазија, болест која им отежнува на заболените да ја обработат или изразат вербалната и писмената комуникација. Минатиот месец актерот беше фотографиран во Лос Анџелес со сопругата, која на својот Инстаграм профил се’ почесто споделува спомени од неговата богата кариера.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …