(ФОТО) Го оставила после секс скандалот: Сопругата на Берлускони бара алиментација…Од износот ќе „ве заболи глава!“

Бившата сопруга на некогашниот италијански премиер, Силвио Берлускони, се жалела на одлуката на судот на основа на која и било одземено правото на месечна алиментација во износ од 1,4 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.
Вероника Ларио вложила жалба на пресудата кој лани во ноември ја донел понискиот суд. Таа се жали и на одлуката на Берлускони да му врати 50.милиони евра колку што од него добила во 2014. година кога се развеле.
Ларио, 61. годишна поранешна глумица, за Берлускони се омажила во 1990. година и двојката има три деца. Го напуштила во 2009. откако било објавено дека бил на забава со 18. годишна девојка која го нарекувала „татенце“.
Додека живееле одвоено, но сеуште не биле разведени, Ларио добивала два милиони евра месечно.
Жалбениот суд неодамна пресудил дека лицата кои се разведуваат немаат право да останат толку богати колку што биле во бракот и можат да бараат алиментација само ако економски не се независни. Тие износи не се опфатени со судската тужба.
Берлускони (81) сега живее со 49. годишната Франческа Паскале.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …