(ВИДЕО+ФОТО) Путин нуркал на -6 степени!

Претседателот на Русија, Владимир Путин (65) се соблекол во своите гаќички за капење и потоа нурнал во ледената вода на езерото Селигер, што е ритуално православно пливање за чесниот крст.
Руската државна телевизија го прикажала Путин како влегува во ледената вода на езерото Селигер, на околу 400. километри северно од Москва, јавила агенцијата Ројтерс.
Темпертурата на воздухот била околу шест степени Целзиусови под нулата.
Секоја година, православните христијани традиционално пливаат во реки или езера за чесниот крст во знак на сеќавање на крстењето на Исус Христ во реката Јордан, навела британската агенција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …