(ФОТО) Глумицата која со години се бори со ракот овие денови има причини за славење!

Кога неодамна на социјалните мрежи напиша дека е подготвена да замине и дека веќе напишала проштални писма до семејството ги загрижи обожавателите.
Ѕвездата од серијата „Беверли Хилс, 90210“, Шанен Доерти, на почетокот на минатата година пред јавноста откри дека ракот на дојката и се вратил и дека во моментов е во четвртата фаза. Таа ги загрижи обожавателите кога неодамна на социјалните мрежи напиша дека е подготвена да замине и дека веќе напишала проштални писма до семејството. Но, се чини дека се чувствува подобро.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by ShannenDoherty (@theshando)


Шанен го прослави својот 50-ти роденден во понеделникот, а по тој повод објави селфи на својот Инстаграм профил со опис: ‘Роденденски мисли во Ванкувер’. Бројни фанови започнаа да и честитаат во коментарите.
Да потсетиме, Шанен претходно отворено зборуваше за борбата против оваа болест. Од 2017 година, нејзиниот карцином е во ремисија, откако беше оперирана и мина долготрајна хемотерапија.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by ShannenDoherty (@theshando)

„Се обидувам да ги ценам малите моменти во животот што многу луѓе не ги гледаат или ги земаат здраво за готово“, рекла Доерти на прашањето како се чувствува во врска со тешката дијагноза.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …