Ноќеска успешно извршена втора трансплантација на срце во Македонија: Зачука срцето на примателот!

Во најголемата пандемија која ја погоди нашата земја ете се случуваат и позитивни работи во нашето здравство…Ноќеска на Клиниката за кардиохирургија е извршена втората трансплантација на срце…

Ноќеска успешно завршила втората трансплантација на срце во историјата на Македонија. Операцијата која почнала по полноќ е извршена на Клиниката за кардиохирургија. Младо момче го доби срцето на прерано починатата девојка во сообраќајна несреќа, чие семејство се согласило нејзините органи да бидат донирани, објави А1он.
Малку после полноќ, министерот за здравство Венко Филипче објави дека на Клиника во тек се подготовките за трансплантацијата.
„Петок на полноќ се прави подготовка за втора трансплантација на срце во историјата на нашата земја. Ова се дел од колегите на Кардиохирургија кои се дежурни вечерва, им посакувам многу успех на сите, да им држиме среќа“, напиша министерот.
Министерот вчера ја објави веста дека се бара пациент кој би можел да го добие срцето на несреќната девојка на која не можел да ѝ се спаси животот и рече дека ќе бидат трансплантирани и нејзините бубрези.
Инаку првата трансплантација на срце беше извршена во мај минатата година кога донор беше починатата 43- годишна пациентка, Емилија Динева, чие семејство се согласи да го донира срцето, а пациент беше 53 годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …