(ФОТО) ГИ ПОКАЖАЛА НЕСОВРШЕНОСТИТЕ – Познатата манекенка се фотографирала целосно гола со ќерката во када и предизвикала воодушевувањето на своите следбеници

Криси Тајген на Инстаграм објави фотографија со ќерката Ести Максин, која ја роди во средината на јануари.
Манекенката и водителка позирала гола со своето бебе во када и разнежнила многу следбеници.
„Дојка што некако ми виси на страна и длабоки виолетови лузни доживотно, но ти си премногу совршена за да се грижам за било што друго“, напишала Криси покрај фотографијата.

Многу жени се согласиле со нејзините зборови.


„Тоа не она што ниту една од нас го гледа кога ќе ја погледне оваа прекрасна фотографија“, „Нашите тела што се менуваат не потсетуваат на животот што сме го создале. Тоа не потсетува на се што имаме“, „Женските тела се неверојатни“, „Благодарам што го нормализираш телото”, „Не гледам ништо од ова. Сè што гледам е многу убав момент. Телото на жената не мора да биде совршено. Ние сме несовршено совршени”, коментирале следбеничките.

Тејген откри дека чекаат ново бебе минатиот август во емотивна објава на Инстаграм. Таа се осврна и на двете години од трагичната смрт на нивното новороденче Џек.
„Последниве неколку години во најмала рака беа емотивни, но радоста повторно ни го исполни домот и срцата, на пат имаме уште едно бебе. На секој преглед си велев ‘Во ред, ако е здраво денес, јас ќе го најавам, но потоа дишам со олеснување кога ќе го слушнам чукањето на срцето и ќе одлучам дека сè уште сум премногу нервозна’“, напишала манекенката.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …