ТАЈЛЕР Морел, доставувач на пица од Астон (округот Делавер), со херојско дело се истакнал во неделата.
Штом се појавил пред вратата на муштеријата, младиот човек забележал дека зад него се води потера, па им помогнал на полицајците да го совладаат осомничениот со подметнување на неговата нога кога му се укажала прилика.
Неговиот херојски чин е снимен на мобилен телефон, а во моментов се емитува на бројни телевизиски станици.
– Ни ја пружи неопходната помош и им овозможи на колегите да го стигнат разбојникот – изјавил Мајкл Вајс, првиот човек на полицијата во Брукхевен, и на новинарите им открил дека осомничениот украл автомобил во попладневните часови, по што е извршена потера.
– Мака ми е да го гледам сиот тој криминал околу нас- рекол Морел, кој за приказната да биде уште подобра, ја сочувал и пицата недопрена, а потоа ја завршил испораката.
Фото: Принтскрин/