Американскиот актер Гери Кол повторно се враќа во серијата „Navy CIS“, но во нова и поважна улога.
Кол во серијата го игра агентот Паркер кој го презема водството над тимот откако Гибс ќе се пензионира.
Во интервју за TV Insider, Кол открил некои карактеристики на неговиот лик, но истакнал и дека Паркер нема намера да го замени Гибс.
„Паркер не е премногу зборлив, но тој е повербален од Гибс. Тој не е толку многу ‘старата школа’, тој се обидува да научи да ја користи технологијата и да ги импресионира сите. Тој се обидува да се вклопи во остатокот од тимот. Иако тоа не сака да го признае, тој му се восхитува на Гибс што ги прекршил правилата. Паркер се ридржува до правилата“, истакнал Кол.
Тој додал дека од ликовите во серијата, на Паркер најмногу му се спротивставува агентот Торес (Вилмер Валдерама), додека агентот Мекги (Шон Мареј) многу подобро ја прифатил промената.
Во разговорот тој додал дека она што најмногу го разликува од Паркер е тоа што ја мрази технологијата.
Веста за заминувањето на агентот Гибс (Марк Хармон) по 18. сезони изненади многу фанови, а некои не ја прифаќаат неговата замена.
„Драг Паркер, те молам поднесе оставка и вратете го Гибс каде што му е местото“.
„Не ми се допаѓа овој лик. НИКОГАШ нема да го замени Гибс“.
„Нема NCIS без Марк Хармон!“
Сепак, други решиле да му дадат шанса на Паркер, иако речиси сите се согласуваат дека никој не може да го замени легендарниот Гибс.
@NCIS_CBS I am really enjoying Gary Cole. I miss Mark, but Cole is a great add to the show.
— Nikol Bird (@Phillygirl_13) October 28, 2021
Gary Cole transitioned reluctantly and perfectly into the NCIS leadership role and our hearts! NCIS needs a tech savvy, networking leader with a sense of humor and better communication skills! You nailed it!
— Mary Perry (@Javarain) October 25, 2021
Фото: Принтскрин/Instagram