(ВИДЕО) МАЖОТ НА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО ИСПРАТИ МОЈА ФОТКА ОД ПОРОДУВАЊЕТО: Се радуваше што доби 3-то дете, па заборави еден ВАЖЕН ДЕТАЛ!

Корисничка на TikTok неодамна споделила во своето кратко видео дека нејзиниот сопруг испратил семејни фотографии од неа и бебето направени во салата за породување веднаш откако таа го родила детето.
Имено, од возбуда што по трет пат станал татко, на фотографиите не ни забележал дека болничкиот фустан сè уште и е околу половината, под кој, секако, таа била гола.

„Мислев дека се фаќате за глава затоа што тој испрати фотографија додека си уште разбушавена по породувањето, но ова е многу подобро!“, напишала една девојка, а друга се обидела да ја утеши жената велејќи дека „барем сега знае дека е дел од семејството“.

@4kids1mom0energyBless his heart. #greenscreen #QuickerPickerRapper #Coming2America #fyp #momsoftiktok


♬ original sound


„Веднаш би го убила мојот сопруг“, додала друга корисничка, охрабрувајќи некои други мајки да ги споделат своите искуства.
„Итно ме испратија на царски рез, а сопругот на сите им испрати слика од ќерка ми која буквално ми ја извадија во тој момент. Бубрезите ми се гледаат во позадина!“, напишала една мајка, а друга се „пофалила“ дека нејзиниот сопруг го сликал детето додека го мереле, но не сфатил дека на фотографијата и таа се гледа позади, сè уште гола под половината и со градите надвор, подготвена да дои.
Мајката која го снимила видеото се погрижила грешката да не се случи два пати, па на TikTok објавила фотографија од породувањето на која се е интимно покриено – со насмевка, пренесува “Mirror”.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната фолк пејачка Благица Павловска

Благица Павловска е родена на 4 декември 1958 година во Скопје. Таа е позната македонска …