(ФОТО Галерија) Меган Маркл блеснала на прославата на роденденот на кралицата

Војвотката од Сасекс се довезла со сопругот во кочија, а за таа пригода избрала комбинација во нежни розови тонови која ја потполнила со елегантен шешир…
Британската кралица Елизабета II. на традиционалната парада и службено го прославила 92. роденден, а на еден годишен кралски настан првпат се појавила и војвотката од Сасекс, сопругата на принцот Хари (33),поранешната глумица Меган Маркл (36).

Директно од медениот месец кој го минале во Ирска, новопечените сопружници принцот Хари и Меган Маркл се придружиле на остатокот на кралското семејство за да го прослават роденденот на кралицата Елизабета II. во рамките на церемонијата Trooping the Colour со кој од 1748. година службено се слави роденденот на британските владетели.


Војвотката од Сасекс се довезла со сопругот во кочија, а за таа пригода избрала комбинација во нежни розови тонови која ја потполнила со елегантен шешир.
Заедно со остатокот од семејството се појавиле на балконот на Бакингамската палата каде заедно го проследиле завршетокот од настанот.

The Duke and Duchess of Sussex are joined by The Duke of Kent as they attend Trooping the Colour, The Queen's Birthday Parade, for the first time together #TroopingtheColour


A post shared by Kensington Palace (@kensingtonroyal) on


Инаку, на парадата Trooping the Colour учествувале повеќе од илјада војници.
Елизабета роденденот го слави два пати. Првпат во април, кога е и родена, но според стариот обичај службената прослава на британските владетели се одржува во првата сабота во јуни. Во април прославата обично се одржува во кругот на семејството, додека јунската е многу свечена и раскошна.
Кралицата на парадата пристигнала во кочија, а свеченоста го собрало скоро целото кралско семјство и голем број гледачи.Изостанал само принцот Филип, сопругот на кралицата кој се пензионирал минатата година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …