(ФОТО ГАЛЕРИИ) Сите сакаат да ја копираат: Откриваме зошто Меган Маркле е новата модна икона!

Откако е објавено дека убавата Американка Меган Маркле ќе стане сопруга на принцот Хари, модниот свет не престанува да се воодушевува со стилот на оваа атрактивна бринета…
Темнокосата глумица која се прославила со улогата на Рејчел во серијата „Suits“ со својот опуштен стил и имиџ на опуштена девојка од Калифорнија потполно ги восхитила Британците, но и не само нив, па и не чуди што се’ што Меган ќе облече истиот момент го снемува од полиците во продавниците.
Едно е сигурно, модната икона Кејт Мидлтон во атрактивната Меган Маркле добила достојна ривалка, на која и успеало да го освои срцето на неуфатливиот принц.
Токму како војвотката од Кебриџ, симпатичната Американка диктира трендови и модно инспирира девојки и жени ширум светот, за кои станала вистинска модна инспирација.

Аутфитите на Меган Маркле во кои се појавила на игрите Invictus Games во Торонто, кои ги основал принцот Хари, се распродале во рекорден рок па модните стручњаци велат дека „Ефектот Меган“ ќе го исчисти „Ефектот Кејт“.


Како што своевремено објавил Newsweek, војвотката од Кембриџ индиректно секоја година донесува милијарда фунти на британската модна индустрија, а се чини дека маркантната Американка бргу ќе ја достигне.
Модните уреднички Аманда Дишоу и Кристине О’Брајан Рос, кои стојат зад блогот „Meghan’s Mirror“, сметаат дека ефектот на Меган допрва ќе се разгледува.„Ефектот на Меган сеуште не станал толку забележителен како ефектот на Кејт, но веќе сега покажува тенденција на јакнење“ велат овие модни уреднички.
Канадскиот бренд Sentaler, чии креации убавата свршеница на принцот Хари неколку пати ги носела, веќе ја почувствувал предноста на популарноста на Меган Маркле.
„Распродадени ни се касуал парчињата кои можат да ги носат сите“ објаснува основачката на брендот Бојана Сенталер, чиј капут во боја на влакната на камила Меган го носела на мисата за време на божиќните празници, на кој присуствувала во друштво на членовите на кралското семејство.

Сентлер вели дека по тој раскошен капут со интересна крагна веднаш завладеала огромна побарувачка и дека нејзината компанија го испраќала на сите адреси ширум светот.
Меган во неколку пригоди носела уште неколку канадски брендови како Line The Label, во чиј женствен капут блеснала при објавувањето на свршувачката со принцот Хари. Но, тоа не значи дека убавата Американка ги преферира само брендовите од земјата во која живеела неколку години за време на снимањето на серијата која ја прослави – во последно време сме ја виделе во парчиња кои
носат потпис „made in UK“, како ташничката на шкотскиот бренд Strathberry или џемперот на хај стрит брендот Marks & Spencer.


Шарлот Кроули, која стои зад блогот „Mad about Meghan“ вели дека тајната на нејзиниот стил е токму во комбинирањето на дизајнерски парчиња со „крпички“ кои им се достапни на сите, како на пример споменатиот Marks & Spencer.
„Џемперот со ракави во облик на ѕвоно од M & S, чија цена е 45. фунти, во кој Меган го посетила Брикстон се распродал за помалку од еден час. За миг се испразниле и резервите – сите полуделе по тој џемпер“, објаснува Кроули, додавајќи дека панталоните со широки ногавици со потписот на Вероника Берд и ташната Strathberry биле “разграбани“ за само неколку минути.
Но, се чини дека љубителите на стилот на Меган Маркле не гледаат на цените – дури и’ костумот на Александер МекКвин бргу се распродал откако свршеницата на принцот Хари го носела на настан под назив Endeavour Fund Awards.
Во секој случај ќе биде интересно да се следи ривалството помеѓу Меган и идната јатрва, Кејт Мидлтон, кој е често на мета на критичарите поради своите „зихерашки комбинации“ и конзервативни модни избори.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …