(ФОТО) Ева Лонгорија и’ во висока бременост ги засенила званиците на гала евент

На 43. годишната глумица Ева Лонгорија пред неколку месеци и се остварила големата животна желба – бременост.
Латино глумицата и продуцентка се вброила на листата славни трудници кои докажуваат дека модата ниту тогаш не мора да биде здодевна.
На 43. годишната глумица Ева Лонгорија пред неколку месеци и се остварила големата животна желба – бременост.
Таа и сопругот, бизнисменот Хозе Антонио Бастон, моментално го очекуваат своето прво дете, а се верува дека глумицата е бремена шест месеци.
Двојката се венчала во 2016. година, а бебето ќе пристигне на пролет, како круна на нивната љубов.
А, додека е во слатко исчекувње, Ева не се откажува од бројните деловни обврски па така синоќа била радо видена гостинка на Беверли Хилс каде било одржано доделувањето на наградите Costume Designers Guild.
Убавата Латин блеснала во розов сатенски фустан преку кој нафрлила наметка во истата боја а изгледот го потполнила со прозирни штикли и дијамантски накит кој бил доста деценетен но не можел да не биде забележан.
Нејзиниот мејкп традиционално бил нешто појак, а глумицата со појавата уште еднаш покажала дека трудничката мода ниту малку не мора да биде здодевна.
Така им се придружила на бројните селебрити трудници како Џесика Алба, Блејк Лавли, Криси Тајген, Меган Фокс… кои во текот на бременоста исто така докажувале дека можат да бидат шик.
На доделувањето биле присутни и други познати дами, погледнете во што биле облечени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …