Бесплатно тестирање и сертификација Certified Secure Computer User за компании

Дали Вашата компанија е доволно безбедна?
Со новите компјутерски технологии, дигитални информации и зголемена интеракција на електронските медиуми, се зголемува и ризикот на загрозување на безбедноста на корисниците и електронските податоци во компанијата. Вработените во една компанија се најслабата алка во синџирот на безбедноста. Секоја компанија, банка или владина институција, и покрај огромните инвестиции во најсовремените ИТ системи, е ранлива на хакерски напади поради човечкиот фактор.
Семос Едукација овозможува бесплатно да ги тестирате Вашите вработени кои не се со ИТ образование или искуство. На тој начин тие ќе ги проверат своите знаења и вештини од областа на ИТ безбедноста и ќе ја развијат свеста за нивната важност, а компанијата ќе биде сигурна дека деловните и личните податоци се безбедни.
Секој што ќе го положи испитот и ќе се сертифицира, го потврдува своето знаење и вештини за разните компјутерски и мрежни безбедносни закани, како кражба на идентитет, измама со кредитни картички, онлајн банкарски фишинг измами, вируси, електронски пораки со измами, загуба на доверливи информации, хакерски напади и сл. Со тоа се потврдува дека тие знаат како да ги преземат неопходните чекори за да го зголемат нивото на безбедност на своите компјутери.
Теми кои се опфатени со испитот и сертификацијата се:
•Вовед во безбедност
•Обезбедување на оперативни системи
•Malware и Антивирус
•Интернет безбедност
•Безбедност на сајтови за социјално вмрежување
•Обезбедување на Email комуникации
•Обезбедување на мобилни уреди
•Обезбедување на Cloud
•Обезбедување мрежни врски
•Data Backup
•Disaster Recovery
Сите кандидати кои ќе ги положат испитите добиваат официјален сертификат – Certified Secure Computer User. Заинтересираните за бесплатно тестирање, можат да ја пријават својата компанија на овој ЛИНК. За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна на Семос Едукација .

Пријавувањето трае до 15 март, а бројот на испити е ограничен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Обрнете внимание – Пет тивки знаци на проблеми со срцето кои не треба да ги игнорирате

Дали вашето срце е здраво? Во една студија од 2015 година објавена во JAMA, осум …