(ФОТО) Фотографија за историја: Меси и Роналдо на партија шах!

Луксузниот бренд Луј Витон го направи невозможното – принудувајќи двајца од најголемите фудбалски ривали да соработуваат надвор од теренот.
Лионел Меси и Кристијано Роналдо буквално го „скршија“ интернетот со една слика која беше објавена непосредно пред почетокот на Светското првенство.
Сликата и двајцата ја објавија на нивните Инстаграм профили, а на неа се гледа како заедно играат шах, секако за да го промовираат луксузниот бренд Луј Витон.
„Победата е состојба на умот“, напишаа и двајцата со објавата, а потоа го означија „Луј Витон“, познат бренд за луксузна облека.
Оваа позната модна куќа ја опиша соработката: „Победата е состојба на умот. Кристијано Роналдо и Лео Меси беа фотографирани од Ани Либовиќ за Луј Витон. Со долга традиција на правење ковчези за најпосакуваните спортски трофеи во светот, куќата слави двајца од најталентираните фудбалери на денешницата“.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …