„Горда“ не направи повеќе од горди…не само поради пласманот на Евросингот во Израел, туку поради достоинствената прослава, смиреноста до самиот крај…
Секако, нема никогаш да го заборавиме разочарувањето на лицето на Тамара Тодевска кога слушна колку малку поени добила од публиката…но зарем не беше разочаран секој кој го следеше гласањето…
Секој кој искрено посакуваше овој наш сон кој ни го донесе тимот на „Горда“ да потрае што подолго…
Можеби Евровизија заврши но овој сон што стана гордост долго ќе ни ги грее срцата покажувајќи дека ова мало парче земја има исклучителни таленти кои придонесоа да се чувствуваме убаво и ГОРДО!
Погледнете:
„Горда“ е дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, автори на музиката и аранжманот, а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска. Спотот го режираше Чедо Поповски.Но да не ги заборавиме ниту придружните вокали: Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.