(ФОТО) Еве зошто Амал Клуни била на венчавката на Меган Маркл и принцот Хари

После преселбата во Лондон, бившата глумица, Меган Маркл бргу пронашла нова пријателка и тоа во успешната адвокатка за човекови права и сопруга на холивудската ѕвезда, Амал Клуни.Тие две скоро веднаш кликнале“,а новопечената војвотка во убавата адвокатка пронашла своја нова личност од доверба.
„Меган и Амал се знат веќе некое време и делат многу заеднички интереси “, рекол извор близок до двете за американскиот магазин „People“.
Се запознале бргу по преселбата на Меган во Велика Британија, а ги поврзал заеднички пријател.
„Амал од самиот почеток и помагаше на Меган да се смести и прилагоди на лондонскиот начин на живот. Од првиот ден ’кликнале’“ вели истиот извор.

Амал на својата пријателка и препорачала и фризер, а тоа на медиумите им го открил и самиот стилист Мигуел Перез кој потврдил дека Амал го препорачала кај новата војвотка.
„Да, јас сум фризер на Меган. Како и на Амал, а Меган е нејзина пријателка. Исто така сум задолжен и за косата на Џорџ, целото семејство. Амал ме поврза со Меган, кога таа се пресели тука. И ја одржувам бојата, ја шишам и стилизирам“, им рекол неодамна на новинарите Перез.
Убавата адвокатка на свадбата за малку ќе ја засенела младенката, појавувајќи се во прекрасен фустан со боја на сенф на дизајнерката Стела МекКартни, а стајлингот го дополнила со соодветен шешир.


Амал со сопругот Џорџ Клуни и децата живее на имот покрај брегот на реката Темза, блиску Лондон, а летата обично ги минува во неговата вила на италијанското езеро Комо. Во почетокот на јуни нивните близнаци ќе го прослават првиот роденден, а славната адвокатка ова лето ја чека и многу работа бидејќи е активно вклучена во неколку активни меѓународни процеси.
Неодамна се вклучила во процес во кој го застапува „Ројтерс“ каде ќе биде меѓународна советничка за Ва Лоон и Кијава Со Ооа, двајца новинари на „Ројтерс“ кои се притворени поради политички мотивираното судење во Мјанмар поради своето известувње за злосторствта кои војската на Мјанмар ги направила над Рохинџите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …