(ФОТО) Меган Маркл и принцот Хари, поради строго правило, мораат да вратат подароци вредни 10. милиони долари

Принцот Хари и Меган Маркл се принудени да ги вратат свадбените подароци, чија вкупна вредност се проценува на повеќе од 10. милиони долари.Причината е едноставна и поврзана со строгиот кралски протокол.Имено, кралската палата не сака лици и компании да ги користат новопечените младенци, војводата и војвотката од Сасекс за сопствена промоција…
Според правилата на палатата основен принцип кој се однесува на прифаќање на подароците на членови на кралското семејство е тој дека никаков подарок, вклучувајќи го пружањето гостопримство или услуги, кои член на кралското семејство го ставаат во положба нешто некому да му должи на оној кој тоа му го пружа, не смеат да бидат прифатени.

Кралските правила налагаат подароците кои пристигнуваат од британските фирми да мора да се одбијат, освен ако не станува збор за сувенир од службена посета, прослави на кралска венчавка или личен повод.
Кога станува збор за подароците кои членовите на кралското семејство ги добиват од приватни лица од Велика Британија, кои не ги познаваат лично, тогаш подароците мора да се одбијат бидејќи не се знае кој е всушност мотивот на лицата кои ги подаруваат.
Со недели во пресрет на венчавката младенците објавиле дека единствен подарок кој го сакаат е донација во една од седумте хуманитарни оргнизации кои ги поддржуваат: CHIVA, Crisis, Myna Mahalia Foundation, Scotty’s Little Soldiers, StreetGames, Surfers Against Sewage и The Wilderness Foundation UK.
Обезбедувањето на британскиот двор инаку внимателно го анализира секој подарок кој пристигнува на адресата на членовите на кралското семејство, а потоа составуваат службена листа на која е пописот на сите предмети, кому тие се наменети и од кого доаѓаат.
„Некои од подароците се префрлуват во хуманитарни оргнизации додека некои остануваат во кралската колекција. Повремено и по потреба некои предмети се подаруваат на организции кои подобро ќе ги искористат“, рекол неодамна за британските медиуми гласноговорникот на палатата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …