Беше во депресија па се спомнуваа многу причини за новата состојба на Бали бег, но се чини дека причина за опоравувањето не е работата туку убавата вест која неговата сопруга му ја соопштила во август…
Најубавиот турски пар, актерите Бурак Озџивит и Фахрие Евџан ќе станат родители. Турските медиуми пишуваат дека Фахрие е веќе два месеца бремена и дека актерите се пресреќни што ќе добијат бебе.
Познато е дека двајцата во неколку свои интервјуа изјавуваа дека сакаат да станат родители, а сега добиле и потврда од лекар, Фахрие е бремена.
Актерите се во брак повеќе од една година, а четири години претходно беа во врска.