(ФОТО Галерија) Какви ГОЛЕМИ ЛУЃЕ: „ДНК“ кај мајката херој која не јаде за да има за нејзините ќерки!

Големите луѓе не се гледаат по зборовите туку по делата што ги прават. А, токму такви се момците од „ДНК“…

Андреј Ѓоргиевски и Владимир Блажев – Панчо биле во посета на мајката, чија приказна неодамна ја потресе Македонија. Момците од „ДНК“ ја посетија 34.годишната Даниела и со себе понесоа нов фрижидер полн намирници, средства за хигиена и телевизор.


„Драги луѓе.
Денеска бевме во Крива Паланка и се сретнавме со нашата нова Хероина Даниела која има само 34.години, а животот и доделил терет со кој и’ најсилните не би можеле да се соочат. Даниела е мајката која континуирано ги лажела своите две ќерки ( 14. и 16. години ) дека јадела кај своите соседи за да има повеќе за нив. Нивната куќа личи на се освен на дом. Ведра и со топла насмевка и измачена од животот не пречека како секоја добра домаќинка и не угости како што е редот…“, велат „ДНК“ апелирајќи до граѓаните, кој колку може да и излезе во пресрет на оваа лавица.


Gepostet von DNK am Dienstag, 18. September 2018

Даниела е мајката која континуирано ги лажела своите две ќерки (14. и 16. години) дека јадела кај своите соседи за да има повеќе за нив.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …